Бостон израмни на 2:2, Голден Стејт поведе со 3:1
Јунак на пресвртот беше Ал Хорфорд, кој постигна 16 од вкупно 30 поени во завршниот период и го надигра најдобриот играч кај шампионот, Јанис Адетокумбо.

Во полуфиналната „плеј оф“ серија во источната конференција во НБА, кошаркарите на Бостон славеа гостинска победа во Милвоки со 116:108, благодарение на одличната последна четвртина, која ја добија со 43:28. Јунак на пресвртот беше Ал Хорфорд, кој постигна 16 од вкупно 30 поени во завршниот период и го надигра најдобриот играч кај шампионот, Јанис Адетокумбо. Хорфорд кој на 3 јуни ќе наполни 36 години ја игра 15-та сезона во кариерата и што е уште поимпресивно. Идентични 30 поени постигна и Тејтум, додека Браун и Смарт додадоа по 18 поени. Кај Милвоки, Јанис убедливо најдобар со 34 поени и 18 скока. Бостон врати за загубениот прв меч во ТД Гарден и израмни на 2:2, во пресрет на петтиот натпревар пред своите гледачи.
На западот, Г. Стејт го совлада Мемфис со 101 :98 и поведе во серијата со 3:1. Расположен беше Стеф Кари со 32 поена. Кралот на тројките гаѓаше прецизно 4 зад периметарот, со кои стана прв во историјата со над 500 тројки во плеј оф натпреварите. Но, не беше лесно и покрај тоа што гостите играа без главната звезда Џа Морант, каде што повратникот Стивен Адамс кој оствари дабл дабл, со 10 поени и 15 скока, а најефикасен беше Џерен Џексон со 21 поен. Серијата во следниот натпревар се сели во Мемфис, каде што домашните ќе мора да победат за да го пролонгираат полуфиналето. По полноќ играат на истокот играат Мајами – Филаделфија, а на западот Феникс и Далас, а во двете пресметки резултатот во победи е израмнет, 2:2.
