Халанд од 1. јули во Манчестер Сити, најавен е 5-годишен договор
Од 1 јули и официјално ќе носи дрес на Сити, во кој заминува по две ипол сезони во Борусија Дортмунд, каде постигна 85 гола во 88 натпревари.

Се најавуваше долго а денес и официјално се случи, Ерлинг Халанд од следната сезона ќе игра за Манчестер Сити. Клубот официлајно објави дека е постигнат начелен договор со Борусија Дортмунд за трансфер на Халанд од 1 јули. Деталите се утврдуваат, а бројките кои се споменуваат во англиските, германските и шпанските медиуми се вртоглави. Сите се поврзани во едно, младиот 21-годишен норвешки фудбалер заминува во Сити. Ерлинг во детството носеше детски дрес на клубот, благодарение на неговиот татко Алф -Инге кој три сезони беше дел од тимот на граѓаните, до 2003 година. Од 1 јули и официјално ќе носи дрес на Сити, во кој заминува по две ипол сезони во Борусија Дортмунд, каде постигна 85 гола во 88 натпревари.
Сезонава имаше само 20 настапи, но даде 18 гола и 7 асистенции. Од морето информации поврзани за трансферот, најимпресивни се – Халанд официјално заминува за 60 милиони евра обештетување за Борусија Дортмунд, плус 40 милиони евра во кои се други трошоци, вклучувајќи и менаџерска провизија. Неделната плата ќе му биде 370 илјади фунти или 440 000 евра, што сепак е за 7 илјади евра помалку во однос на Де Брујне. Годишно Халанд ќе инкасира 40 милиони евра или 200 милиони во период од 5 години. До завршување на договорот, заедно со сите други трошоци, трансфер, плата и разни провизии операцијата Халанд се очекува да надмине 350 милиони евра.
