Фудбал

УЕФА најави проширување и измени на форматот на Лигата на шампионите

10.05.2022 22:11

Новина е дека ќе се применува швајцарски систем слично како големите шаховски турнири, според кој сите клубови ќе бидат во една група и секој од нив ќе има можност да одигра по 4 домашни и гостински натпревари, но најважно е дека ќе играат против екипи со сличен квалитет.

УЕФА објави дека по две сезони ќе следуваат одредени промени во форматот на натпреварување во Лигата на шампионите. Во новиот формат основно е дека наместо 32 екипи во групната фаза ќе играат 36 екипи, кои наместо сегашните 6 кола ќе играат по 8 натпревари. Новина е дека ќе се применува швајцарски систем слично како големите шаховски турнири, според кој сите клубови ќе бидат во една група и секој од нив ќе има можност да одигра по 4 домашни и гостински натпревари, но најважно е дека ќе играат против екипи со сличен квалитет.

Новиот формат на УЕФА би требало да стартува во сезоната 2024 /25 година.