Македонија

Народна банка ја зголеми основната каматна стапка

11.05.2022 12:15

На денешната седница, донесена е одлука за зголемување на основната каматна стапка за уште 0,25 процентни поени, на ниво од 1,75 проценти...

Народна банка дополнително ја затега монетарната политика. На денешната седница, донесена е одлука за зголемување на основната каматна стапка за уште 0,25 процентни поени, на ниво од 1,75 проценти.

Ваков потег беше направен и пред еден месец. Народна банка информира дека причина за зголемувањето на каматната стапка е фактот што инфлацијата забрза и во април, а се оценува дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања.

Инфлацијата во април достигна годишна стапка од 10,5%, повисока од очекувањата според последните проекции на народна банка, како резултат на повисоките цени на храната и енергијата. Референтната каматна стапка е показател и во кој правец треба да се движат и останатите каматни стапки.