Презентација на Фондот за иновации во ССК

10.04.2014 09:27

Во Сојузот на стопански комори (ССК) денеска ќе биде презентиран Фондот за иновации и технолошки развој кој има за цел да ја поттикне иновациската дејност, како и да го подобри пристапот до финансиски услуги за иновации кај компаниите.
 
На презентацијата ќе присуствуваат министерот за образование и наука  Спиро Ристовски, директорката на Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска, претседателот на Здружението на иноватори СПАТУМ проф. д-р Влатко Стоилков, како и претседателката на Сојузот на здруженијата за техничка култура – Народна техника, д-р Христина Спасевска.