Недела на женското здравје
Во организација на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, денеска во Младинскиот културен центар – Скопје се одбележува „Неделата на женското здравје“, по повод Светската недела на женското здравје од 8-ми до 14-ти мај..

40 проценти од жените во земјава немаат матичен гинеколог и не одат на превентивни прегледи покажуваат истражувањата на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари. Источниот регион бележи најмалку одзив кон овие услуги. Мобилните клиники сè уште функционираат. Со помош на мобилна амбуланта гинеколошките прегледи се достапни и за жените во руралните средини.
Во Ковид пандемијата се намалил бројот на редовни гинеколошки прегледи.
Младите и адолесцентите претставуваат најмал дел од популацијата којашто редовно се обраќа на гинеколог. 20% од учениците сметаат дека кондомот може да помогне само во спречување на бременост, а не спречува сексуално пренослива инфекција, а пак 20% од учениците сметаат дека контрацептивните таблетки ќе ги заштитат од сексуално преносливи инфекции. Малолетничката бременост е во благо опаѓање, но сепак бројките се сè уште големи. Најмладата пациентка која имала абортус имала 13 години.
Ана Ј. Тодоровска
