Општините бараат решение за високите сметки за електрична енергија
Високите сметки за електрична енергија ги натераа локалните власти да штедат со поставување на штедливи сијалици за јавно осветлување. Локалните власти во Берово и Пробиштип одлучија да штедат со исклучување на половина од уличните светилки..

Најголем дел од општините на истокот од државата за сега не планираат рестрикции во уличното осветлување, освен Берово и Пробиштип каде навечер свети секоја втора светилка. Високите сметки за електрична енергија го забрза процесот на поставување на штедливи сијалици на улиците. Во Штип и Кочани уличното осветлување целосно е со штедливи лед сијалици, но и покрај тоа сметките се скоро три пати повисоки од претходно. Сепак рестрикција во уличното осветлување овде нема да има
Во Свети Николе над 80 насто од сијалиците се штедливи, во подготовка за скоро целосна замена се општините Пробиштип и Делчево. Високите сметки за електрична енергија посебно ги погодуваат малите рурални општини, каде се штеди подолг период.
За 30 насто се намалени сметките откако почнавме со рестрикции во осветлувањето, но за нас и тие се високи – вели градоначалникот на Чешиново-Облешево. Долговите кон ЕВН во најголем дел од општините резултираат со стагнација на планираните комунални проекти.
Славица Величковска
