Продолжува предизборната кампања

10.04.2014 09:28

Политичките партии денеска ја продолжуваат претседателската и кампањата за предвремените парламентарни избори...

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов ќе одржи митинзи во Демир Хисар и во Битола, а партијата ќе има претставување на изборната програма  во Могила и во Новаци.
 
Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски ќе посети повеќе  скопски општини, како и тетовскиот регион. Партиското раководство ќе има средби со граѓани за изборната програма  во Пробиштип и во Куманово.
 
Митинг во општина Карпош ќе одржи кандидатот за претседател на ГРОМ Зоран Поповски, кој  ќе има средби и со граѓани на општина Аеродром, а кандидатот за претседател на ДПА Илјаз Халими и кандидатите за пратеници ќе се претстават на митинзи во Тетово.
 
ДУИ ќе одржи митинг за парламентарните избори во Боговиње, додека претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски.