Јовески по промената на адресата на Камчев: Надлежните ограни да решат дали ќе дозволат да смени живеалиште
Орце Камчев ја смени адресата на живеење. Од Скопје се сели во Охрид. Кривичен и обвинителството се прогласија за ненадлежни дали е тоа можно кога има пресуда за Камчев. Јовески и Џолев топката ја префрлија во МВР...

Спогодбата и местото каде што ќе живее сторителот на кривичното дело немаат значење и поврзаност, вели државниот обвинител Јовески за случајот на Камчев кој ја промени адресата од Скопје во Охрид, иако му беше изречена мерка за забрана на напуштање на живеалиштето, односно Скопје. Надлежните органи се тие кои треба да решат дали ќе му се дозволи да смени живеалиште во случајов со осудениот бизнисмен, додаде Јовески.
Според претседателот на кривичниот суд, Џолев, МВР е органот кој требал да се позанимава со барањето на Камчев дали да го одобри или не, а не кривичниот суд кој има обврска по настанатата промена да изврши проверка и да го утврди новото живеалиште. Согласно тоа надлежноста за реализирање на изречената казна на Камчев ја има веќе основниот суд во Охрид.
При одбележувањето на почетокот на осмата генерација слушатели во академијата, директорката Габер Дамјановска одговори на забелешките на судиите и обвинителите дека обуката трае предолго, дека ЕУ инсистира да бидат две години и ни ден помалку за образовните активности во рамки на академијата.
Осмата генерација е воедно и најбројната генерација од формирањето на академијата во 2006-та и брои 97 кандидати.
Фиљана Кока
