Јуниорскиот Евросонг 2013
Во сабота на 30 Ноември во Киев - Украина ќе се одржи единаесетото издание на Јуниорскиот Евросонг. Македонија ќе ја претстваува Барбара Поповиќ во придружба на Сара, Емилијана и Огнен со песната „Охрид и музика“. На изборот ќе учествуваат дванаесет композиции.
Делегацијата на МРТ во Киев ќе пристигне на 24 ноември. За време на престојот во Киев покрај редовните проби и настапи сите учесници ќе имаат можност да се запознаат меѓусебно преку дружење во Диско клубот и специјално организираните работилници.

За победникот ќе одлучуваат гласовите на гледачите пред малите екрани и жири комисија составена од 6 члена. Годинава за првпат ќе бидат доделени три награди за трето, второ и прво место. Директниот пренос е на собранискиот канал на МРТ со почеток во 19.00 часот, а коментатори на директниот пренос се Тина Теутовиќ и Спасија Вељаноска.