Компанијата Дамас од Дубаи зинтересирана за инвестиции во Македонија
10.04.2014 10:09
Сопственикот Хусеин Сајвани на средбата со министерот за странски инвестиции, Џери Наумоф, најавил посета на земјава...

Една од најголемите градежни компании во Дубаи, Дамас е заинтересирана да инвестира во Македонија.
Сопственикот Хусеин Сајвани на средбата со министерот за странски инвестиции, Џери Наумоф, најавил посета на земјава.
Македонска делегација предводена од министерот Наумоф, амбасадорот во Индија Тони Атанасовски и директорот на Агенција за странски инвестиции Висар Фида, изминативе четири дена, учествуваше на најголемиот Глобален Инвестициски самит во Дубаи.
На Самитот учествуваат над 44 земји од светот, заедно со претставници на најголемите инвестициски фондови и компании.
