Мајами и Феникс сигурни на свој терен
Мајами со 120-85 славеше во 5-от натпревар во серијата подобар од 7 над Филаделфија која единствено парираше во втората четвртина што заврши 25-25.

При резултати два два во победи Мајами и Феникс го превзедоа водството во полуфиналните серии откако и натаму максимално се користи предноста на домашниот терен.Мајами со 120-85 славеше во 5-от натпревар во серијата подобар од 7 над Филаделфија која единствено парираше во втората четвртина што заврши 25-25.Сите други му припаднаа на Мајами,завршната со 39-19, во чии редови Батлер беше најуспешен со 23 поени,9 скока и 6 асистенции ,додека во поразениот состав Ембид запиша скромни 17 поени.
Убедлива победа со 30 поени разлика славеше и Феникс над Далас со 110-80 во натпревар во кој гостите само добро отворија со 26-23 во првата четвртина,но сонцата брзо ја превзедоа контролата и третата четвртина ја добија со 33-14 што беше вовед во сигурната победа за водство со 3-2 во полуфиналната конференциска серија.Букер беше предводникот на Феникс со 28 поени,додека на спротивната страна Дончиќ кој немаше доволно подршка од соиграчите па залуден беше ефектот од 28 поени и 11 скока.
