Ракомет
Почнуваат битките за завршниот турнир
11.05.2022 16:07
Денеска во првиот натпревар од 18 часот и 45 минути Фленсбург ја пречекува Барселона,додека големото дерби меѓу Пари Сен Жермен и Кил е закажано за 20.45 часот.

Во Лигата на европските шампиони во ракомет денеска и утре на програмата се првите четвртфинални натпревари низ кои ќе се филтрираат најдобрите четири екипи што ќе настапат на завршниот турнир.
Денеска во првиот натпревар од 18 часот и 45 минути Фленсбург ја пречекува Барселона,додека големото дерби меѓу Пари Сен Жермен и Кил е закажано за 20.45 часот.
Натпревар што ќе го судат нашите интернационалци Начевски и Николов.Другите две четвртфинални средби се утре,а во нив Веспрем ќе игра со Алборг и Монпелје против Киелце.
