Дипломатија

Османи: Членството во ЕУ е од суштинска важност за европската безбедност

11.05.2022 16:36

Османи во Мароко побара од Ле Дријан почеток на преговорите, со Нуланд разговарале за американско-македонскиот стратегиски дијалог закажан за јуни во Вашингтон. На втори наредниот месец Македонија по 2008-та, уште еднаш ќе ги потврди стратегиските врски со САД…

Политиката на проширување на ЕУ е безбедносно прашање и оттука членството на регионот во Унијата е од суштинска важност за европската безбедност, став на министерот за надворешни Османи по средбата со потсекретарот за политички прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд. Разговарано е за претстојното одржување на стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД, на 2-ри јуни.

„Стратешкиот дијалог претставува потврда за силното сојузништво меѓу двете земји и надградување на долгогодишното стратешко партнерство. Воедно, тоа е израз на нашите заеднички заложби за зајакнување на врските и промовирање на споделените вредности за демократски развој и стабилност во регионот, кој претставува составен дел на евро-атлантската заедница“, истакна шефот на македонската дипломатија.

Османи и со неговиот француски колега Жан Ив Ле Дријан истакнал дека Македонија ги исполнила сите услови за старт на преговорите и дополнително, постигнала стопроцентно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и 40-процентно усвојување на законодавството на ЕУ. Османи од шефот на француската дипломатија побарал почеток на преговорите.

„Новата геополитичка реалност го наметнуваат ефектуирањето на одлуката за почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија, доколку Европската унија сака да го задржи својот кредибилитет, пред сè во регионот и да го демонстрира своето геостратешко лидерство“, нагласи Османи.

Од Министерството за надворешни работи информираа и дека соговорниците размениле мислења и за актуелната ситуација во Украина и справувањето со безбедносните предизвици во регионот.

Марина Стојанова Тонева