Македонија
Антикорупциската комисија отвори предмет против Коста Петров
11.05.2022 17:17
Од Антикорупциската комисија појаснуваат дека по поднесената пријава е оформен предмет и истиот е распределен за работа на член на Државната комисија за спречување на корупцијата...
Антикорупциската комисија отвори предмет против поранешниот директор на Фондот за иновации, Коста Петров, а во врска со доделени средства за издавачка куќа која се јавува како издавач на неговите книги.
Станува збор за сума од 5,9 милиони денари. Од Антикорупциската комисија појаснуваат дека по поднесената пријава е оформен предмет и истиот е распределен за работа на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со Деловникот за работа.
