Стигнаа ли до Македонија климатските промени?!
Со само 300 милилитри врнежи на годишно ниво, тријаголникот Велес-Свети Николе-Градско е најсушниот регион во Европа. Експертите велат во овој регион имаме полупустинска клима затоа и тука вегетацијата е скромна. Обид работите да се менуваат и голите ридишта да се озеленат...

Анализите на експертите загрижувачки. Најсушниот регион во Европа е во нашата држава. Климата веќе се менува.
„Велес -Свети Николе - Градско, е најсушниот триаголник во Европа или условно речено тоа се полупустински услови со мајмалку врнежи во Европа“, вели Александар Трендафилов, професор на шумарски факултет – Скопје.
За шумарските ексерти добиен е одговорот зошто ридовите околу Велес се „голи“. Минималната влажност на почвата оневозможувала развивање на кореовиот систем.
Направен е обид работите да се променат. 500 садници на бел и црн бор, чемпрес и багрем неодамна се засадија на ридот Свети Илија. Но, пред засадување секој корен беше премеачкан со „Зеба“, средство кое е докажано како најдобар хидроапсорбенс.
„Ова средство има спосбност да апсорбира вода и тоа да ја зголеми апсорбционата моќ за 500 пати и постепено да ја оддава водата во растението кога нема врнежи“, вели Стерија Начевски професор на шумарски факултет – Скопје.
Поради разградливите својства пошумување со овој гел се прави само во пролетни услови. Засадените дрвја во велешко се први во Македонија, тие ќе бидат експеримент за создавање на еколошки насади.
„Ние имаме служба која е задолжена за овие предели ќе ја појачаме малку бидејки мораме садниците да ги посматраме како од природни така и од физички лица“, вели Горан Наунчев директор на Ш.С. Бабуна Велес.
Според науката, зафатливост кај засадените дрвја чиј коренов систем претходно е обработен со овој гел е околу 80 проценти. Ова дава надеж дека голите ридови околу Велес може да бидат минато.
Дијана Иванова
