Евроинтеграции

Петков: Иднината на Северна Македонија и Албанија треба да биде во ЕУ

11.05.2022 19:28

Бугарскиот премиер Петков смета дека Македонија и Албанија треба да станат членки на Европската Унија...

Бугарскиот премиер Петков смета дека Македонија и Албанија треба да станат членки на Европската Унија.

„Не можам да бидам одговорен за ништо ако мојата влада исчезне. Ако мојата влада опстане, а на тоа работам секојдневно, решени сме дека ЕУ иднината на Северна Македонија и на Албанија е таму, треба да биде таму. Мислам дека тоа е добро за регионот. Секако, има работи кои сè уште треба да се направат и треба да работиме напорно за да го постигнеме и ги знаеме пречките и проблемите што треба да се решат, сега само треба да се решат. Освен за тоа, јас не можам да бидам одговорен за друго во иднина“, изјави Петков за романски телевизиски канал.

Во организација, пак, на ВМРО-БНД, партијата на Каракачанов, митинг на граѓанската иницијатива „Не ја предаваме Македонија“ се одржа во центарот на Софија. Демонстрантите бараат оставка на премиерот Петков кој, според партијата, Бугарија на 24-ти мај ќе гласа за укинување на ветото за Македонија за членство во Европската Унија.

Бугарија веќе две години ги блокира претпристапните преговори на Македонија за влез во Европската Унија.