Ковачевски и лидерите на Западен Балкан на неформална средба со Борел во Брисел
Македонскиот премиер Ковачевски и лидерите од Западен Балкан се во Брисел на неформална средба со шефот на европската дипломатија Борел. Претходно Ковачевски имаше средба со премиерот на Кралството Белгија, Де Кро кој укажал, местото на Македонија е во Европската Унија. Борел со став, ќе разговараме за иднината на кандидатките во Европската Унија…

Белгија е важен партнер на Северна Македонија во НАТО и во другите меѓународни организации и силен поддржувач на нашата интеграција во ЕУ, оценил премиерот Ковачевски на средбата со домаќинот од Кралството Белгија Александар де Кро, во рамките на својата работна посета на Брисел.
На средбата двајцата премиери ја потврдија согласноста дека е неопходно брзо изнаоѓање решение меѓу Северна Македонија и Бугарија за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ како стратешка одлука за Брисел поради безбедносните ризици предизвикани од војната во Украина.
Премиерот Ковачевски го покани белгискиот колега Александар Де Кро да ја посети Северна Македонија во рамки на претстојниот Преспа Форум во јуни годинава.
Ковачевски со лидерите на Западен Балкан има неформална средба со шефот на европската дипломатија Борел во Брисел. Пред средбата Борел рече ќе разговара за последиците на војната во Украина, и за европската иднина на земјите од регионов.
Додаде дека Западен Балкан не е наш заден блок, туку е нашиот преден блок, туку е главен блок, лидерите на Западен Балкан се наши сојузници во битката против Русија во Украина,
„За ова ќе разговараме вечерва и во понеделник ќе ги поканиме сите министри за надворешни работи од Западен Балкан на средбата – Совет на надворешни работи на унијата. Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија“, изјави еврокомесарот Борел.
Западен Балкан не е заден двор на Европа, рече Борел пред средбата со шесте лидери на Западен Балкан.
Наташа Јанчиќ Менковски
