Политика

Изгласан дневниот ред на 71-та седница на Собранието

11.05.2022 20:15

Гласањето за дневниот ред се одвиваше во тензична атмосфера, а процедурата ја оспорија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои во тек на објавата за гласање се собраа околу претседателот на Собранието Талат Џафери истакнувајќи транспаренти.

Со 61 глас „за“, 39 „против“ и без „воздржани“, Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 71-та седница, постапка што почна од вчера од кога и стартуваше активната блокада на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Гласањето за дневниот ред се одвиваше во тензична атмосфера, а процедурата ја оспорија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои во тек на објавата за гласање се собраа околу претседателот на Собранието Талат Џафери истакнувајќи транспаренти.

Дневниот ред, како што рече Џафери, е усвоен со измени и дополнувања.