Ковид-19

Се укинува задолжителното носење маски во авиони и на аеродромите

11.05.2022 20:28

Новите препораки се дел од укинувањето на рестрикциите воведени поради Ковид-19...

Од понделник, се укинува задолжителното носење маски во авиони и на аеродромите, соопшти Европската агенција за воздухопловна безбедност и Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Новите препораки се дел од укинувањето на рестрикциите воведени поради Ковид-19. Патниците, сепак, треба да се однесуваат одговорно.