Сушната година ги намали акумулациите

10.04.2014 10:30

Сушната година ги намали акумилациите речиси за две третини, па тие ќе немаат капацитет за исполнување на наводнителните обврски. И кочанските оризопроизводители ќе се соочат со овој проблем. Сепак, велат, ориз ќе сеат на сопствен ризик...

Водостопанство „Брегалница“ нема вода за 1.000 хектари, што е речиси 30%  од вкупните површини под ориз во Кочанско. Одлуката за намалување на површините, на земјоделците им била соопштена преку писмени известувања залепени на јавни места, но истите се искинати веднаш по поставувањето од страна на незадоволните земјоделците:

„Ако не сееме ориз ние земјоделците од овој регион сме уништени. Од тоа живееме, друго чаре немаме“, вели земјоделец село Тркање.

Поради ова, одлуката на Водостопанство е неприфатлива и тие ориз  сепак ќе  сеат.

„Ќе сееме на свој ризик, па што биде – биде. И така сега немаме ништо, па барем нешто ќе искараме“, вели уште еден земјоделец од ова село.

Ова е резултата на убедувањето дека освен ориз на спорните површини друга култура не успева.

„Ништо освен ориз овде не може да се роди. Земјата е влажна и во наредните три години нема да се исуши“, велат земјоделците.

Инаку, поради сушната година, во браната Калиманци има само 57 милиони м/3 вода, додека вкупниот капацитет е 127 милиони м/3, што беше причина за донесување на одлука за намалување на површините под ориз.

 

Оливера Жежова