Кина
Се запали авион со 113 патници, има повредени
12.05.2022 09:18
Кинеските државни медиуми прикажаа видео од авионот на „Тибет ерлајнс“ од кој излегува црн чад...

На аеродромот во Чонгкинг, Кина, авион се запали при полетување. Кинеската „Тибет ерлајнс“ соопшти дека сите патници и членови на екипажот се евакуирани и дека никој не загинал, пренесе Ројтерс. Во авионот имало 113 патници и девет членови на екипажот, а пријавени се само полесни повреди, соопшти Тибет ерлајнс.
Според Ројтерс, пилотите престанале да полетуваат според процедурите откако доживеале абнормалност, се вели во соопштението на CAAC, што довело до гребнатини на моторот и пожар откако авионот излетал од пистата.
