Прв случај на корона вирус во Северна Кореја
Севернокорејските власти го потврдија присуството на корона вирусот, за прв пат од почетокот на пандемијата објавиja денеска државните медиуми. Тестирањето на жители на Пјонгјанг покажа инфекција со варијантата омикрон...

Севернокорејските власти го потврдија присуството на корона вирусот, за прв пат од почетокот на пандемијата, објавиja денеска државните медиуми.
Засега не е познато за колку случаи станува збоr и можни извори на инфекција,.
Тестирањето на жители на Пјонгјанг покажа инфекција со варијантата омикрон.
Владејачката Работничка партија одлучи да го префрли нивото на вонредна состојба на пандемијата, на неговото „максимално” ниво „и строго да ја контролира и командува севкупната работа за превенција на епидемијата во земјата”, пишуваат медиумите.
Оваа земја беше една од последните земји во светот без потврден случај на Ковид, пренесуваат светските агенции.
