Свет

Договорена засилена соработка меѓу ЕУ и Јапонија во дигиталната технологија

12.05.2022 10:37

Брисел смета дека оваа област е клучна за безбедноста и конкурентноста. За Токио, партнерството е чекор напред кон создавање на слободен и отворен Индо-пацифик, но и поддршка за економијата.

Европската унија и Јапонија ја зголемуваат соработката во дигиталната технологија.

Брисел смета дека оваа област е клучна за безбедноста и конкурентноста. За Токио, партнерството е чекор напред кон создавање на слободен и отворен Индо-пацифик, но и поддршка за економијата.

Европската унија и Јапонија сакаат поблиску да соработуваат во други области

Дигиталното партнерство меѓу Брисел и Токио е прво од таков вид што ЕУ го има склучено со друга земја.