Конференција по повод Светскиот ден на укажувачите
Укажувачите, заштитените сведоци, истражувачите најчесто помагаат за откривање тешки злоупотреби. До антикорупциска од 2019 до минатата година пристигнале 28 пријави од укажувачи, од кои, само една била прифатена и процесуирана до Обвинителството. Симбиозата меѓу укажувачите и институциите е најголемиот гарант за постигнување на целите-согласни се експертите и претставниците на власта...

Укажувачите, како и заштитените сведоци, истражувачите новинари и невладините се оние кои најчесто помагаат за откривање тешки злоупотреби. Во земјава токму тие, иако најнеповикани, даваат сериозен придонес за откривање измами и тешки криминали, рече министерот за правда, Тупанчески во своето обраќање по повод денот на укажувачите.
Граѓаните кои пријавуваат злоупотреби, незаконитости и неправилности се вистински патриоти, наспроти оние кои тоа го гледаат но си молчат, вели евроамбасадорот Гир. Но многу често укажувачите се изложени на непријателство, отфрленост или одмазда. Тоа мора да биде променето и тие треба да добијат целосна заштита.
До антикорупциска од 2019 до минатата 2021 година пристигнале 28 пријави од укажувачи од кои само една била прифатена и процесуирана до обвинителството, потврди претседателката на Комисијата Ивановска.
Симбиозата меѓу укажувачите и институциите е најголемиот гарант за постигнување на целите, согласни се експертите и претставниците на власта.
Фиљана Кока
