Македонија

Александар Стојковски е новиот вршител на должност Директор во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје

12.05.2022 13:18

Стојковски е дипломиран машински инженер на Машинскиот факултет во Скопје. Има над 20 години работно искуство, а на функцијата доаѓа како претходно вработен во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје...

Александар Стојковски е новиот директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП).

Стојковски е дипломиран машински инженер на Машинскиот факултет во Скопје. Има над 20 години работно искуство, а на функцијата доаѓа како претходно вработен во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на новиот директор му посакува успешна работа, да продолжи со досегашната успешна организациска поставеност на ЈСП, со грижата за вработените и да работи пред сè во служба на сите граѓани, воспоставувајќи одлуки кои ќе бидат во интерес за сите граѓани.