Собрание

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања

12.05.2022 14:51

Во Собранието продолжи пленарката, откако синоќа во тензична атмосфера беше утврден дневниот ред. ВМРО-ДПМНЕ со активна блокада-бара предвремени избори. Нивните блокади нема да успеат. СДСМ со граѓаните нема да дозволи Мицкоски да ја врати државата назад-велат од владејачката партија...

Пропаднаа блокадите на опозицијата Собранието, дневниот ред се изгласа, седницата продолжува, велат од СДСМ. Заедно со институциите, и со граѓаните, нема да дозволиме Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат државата назад, вели координаторот на СДСМ.

Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека со активната блокада ќе ги разобличат сите политики на власта кои преку законодавниот дом се обидуваат да ги протуркаат, а кои се штетни по граѓаните. Од опозицијата реагираа за обвинувањата дека пратениците не доаѓаат на работа. Напротив тоа е случај со СДСМ и ДУИ, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.

Спикерот Џафери појасни дека надлежноста за евиденција за присуството и отсуството од седница е исклучиво во негови раце, но тоа не значи дека тој им крати од платите и дневниците. Има закон за тоа, вели Џафери, додавајќи дека пратениците гласаат по сопствено убедување и никој нема право од нив да бара отчет.

По два дена тензична атмосфера, расправата по точките од дневниот ред во помирна атмосфера. Активна блокада со присуство на пленарките-најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Игор Панов