Македонија

На Криволак воена вежба „Брз одговор 22“

12.05.2022 15:01

На полигонот Криволак и уште 3 други локации, воена вежба „Брз одговор-22“ со учество на војници од Македонија и уште 7 земји-членки на НАТО. Целта е да се демонстрира способноста на членките на Алијансата за распоредување насекаде низ светот, и на нивните војници да работат заедно професионално и успешно...

Прв воздушен десант на НАТО на полигонот Криволак. На вежбата „Брз одговор 22“ учествуваат 4.600 припадници од 8 сојузнички армии, кои извршија воздушно-десантни операции за зголемување на подготвеноста на силите на Алијансата за справување со безбедносни предизвици. 700 падобранци од САД, Британија, Италија изведоа скокови во неколку наврати. На терен, прелети на авиони Ф-16 и истовар на трупи со хеликоптери Чинук и Блек Хок. Целта е постигната, НАТО покажа дека е единствен и подготвен заедно да ја штити секоја педа од територијата на Алијансата, вели министерката за одбрана.

Најбројни на вежбата се 1.800 британски војници од 16-та воздушно јуришна бригада. Нејзиниот командант со пофалби за капацитетите на армискиот полигон Криволак.

Вежбата „Брз одговор 22“ е планирана две години и командувана од американските сили за Европа и Африка. Заменик-командантот на американските сили со највисока оценка за вежбата.

„Брз одговор 22“ е најголема воена вежба на армискиот полигон Криволак.

Ирина Гелевска