Македонија

Комеморација во чест на Ристо Стефановски

12.05.2022 15:27

Стефановски беше долгогодишен театарски работник, театролог и театарски историчар. МНТ го водеше во неговиот значаен период од 1983 до 1988 година...

Ристо Стефановски, човек кој имаше неизмерно долг и извонредно богат живот во Македонскиот театар. Не само што живееше страсно, туку беше и создавач, креатор на највисоките дострели и успеси на театарот. Последни зборови на Комеморацијата во чест на великанот.

Стефановски беше долгогодишен театарски работник, театролог и театарски историчар. МНТ го водеше во неговиот значаен период од 1983 до 1988 година. А цели 26 години беше директор во Драмски. Неговите остварувања остануваат впишани во историјата на Македонскиот театар.

Ана Ј. Тодоровска