Земјоделство

Николовски: Блокадата на Собранието ќе ја блокира и исплатата на субвенциите

12.05.2022 15:39

Земјоделците годинава ќе добијат по 100 евра дополнителна мотивациска субвенција доколку имаат по 1,5 тон принос од хектар...

Производството на храна е многу значајно кога имаме неколку тековни кризи, да ги ставиме во функција природните ресурси – порача ресорниот министер Николовски од Пелагонискиот регион. Вели огромен е интересот за доделување на државно земјоделско земјиште за производство на стратешките земјоделски култури за да се намали увозот во следниот период. Досега се пристигнати и 1.470 апликации за набавка на трактори со поголема моќност. Исплатени се и првите пари од интервентниот фонд. За неделава најави нов јавен оглас.

Николовски очекува дуплирање на производството на сончоглед. Земјоделците годинава ќе добијат по 100 евра дополнителна мотивациска субвенција доколку имаат по 1,5 тон принос од хектар.

Николовски апелира Собранието итно ги изгласа законските решенија од интерес на земјоделците за да почне исплатата на тутунарите и субвенциите од останатите мерки и програми.

Сунчица Николоска