Преговори

СОНК не отстапува од барањето за целосна исплата на плата на штрајкувачите

12.05.2022 18:42

Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков на средба со министерката за труд и социјална политика. На маса, и прашањето за дневниците на вработените во градинките кои штрајкуваа. СОНК инсистира на целосна исплата. Договор нема, но има оптимизам дека ќе се најде решение. Но, јасно е дека оваа плата на штрајкувачите во градинките ќе им биде намалена, па се разгледуваат начини да се изврши рефундација…

СОНК не отстапува од барањето за целосна исплата на дневниците на штрајкувачите во градинките. И синдикалците и власта тврдат дека имале конструктивна средба, но договор сè уште нема. Се анализираат законските можности како да се стигне до решение. Неделков е оптимист дека средствата ќе се исплатат.

Оваа плата на штрајкувачите ќе им биде намалена, но се бара начин за рефундација.

Двете страни се договорија дијалогот да продолжи во вторник. Неделков и Тренчевска постигнале согласност да почне да се работи на нов колективен договор. Според најавите, треба да биде потпишан до крајот на јуни. Во меѓувреме, во петок нова средба меѓу СОНК и Министерството за образование и наука.

Според најавите, двете страни се блиску до финализирање на преговорите, коишто се одвиваат со помош на медијатор.

Александра Спировска