Свет
Макрон: Франција го поддржува изборот на Финска за членство во НАТО
12.05.2022 18:51
„Претседателот вели дека Франција целосно го поддржува суверениот избор на Финска за брзо приклучување кон НАТО“, соопшти Елисејската палата.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја поддржува желбата на Финска да се приклучи на НАТО по руската инвазија на Украина, соопшти неговиот кабинет.
„Претседателот вели дека Франција целосно го поддржува суверениот избор на Финска за брзо приклучување кон НАТО“, соопшти Елисејската палата.
Соопштението е објавено по телефонските разговори меѓу Макрон и финскиот претседател Саули Ниинисто.
