НБА
Никола Јокиќ вторпат по ред најкорисен кошаркар
12.05.2022 19:44
Во гласањето на сто новинари и коментатори, центарот на Денвер доби 169 поени повеќе од кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид.

Иако и претходно беше познато, НБА официјално објави, Никола Јокиќ е најкорисен кошаркар на основниот дел од 76-та сезона.
Во гласањето на сто новинари и коментатори, центарот на Денвер доби 169 поени повеќе од кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид.
Со тоа, Србинот Јокиќ стана тринаесетиот кошаркар во НБА историјата кој двапати едноподруго го добива МВП признанието.
