Почнуваат 17-тите Денови на образование и кариера

10.04.2014 08:44

На саемот традиционално се претставуваат високообразовните институции, домашни државни и приватни универзитети, образовни агенции, Образовниот информативен центар, консалтинг куќи од областа на образованието...

Триесетина високо образовни институции од земјава и странство и институции од 15 земји ќе се претстават на 17-тите Денови на образование и кариера 2014, што од денеска до 10 април ќе се одржат во хала 2 на Скопскиот саем.
 
На отворањето најавено е присуство на министерот за образование и наука Спиро Ристовски. На манифестацијата ќе учествуваат 17 домашни и 13 странски изложувачи, како и институции од Македонија, Грција, Бугарија, Словенија, Чешка, Унгарија, Русија, Германија, Словачка, Италија, Швајцарија, Велика Британија, САД и Кина.
 
На саемот традиционално се претставуваат високообразовните институции, домашни државни и приватни универзитети, образовни агенции, Образовниот информативен центар, консалтинг куќи од областа на образованието, но и бизнис компании, кои нудат стручна преквалификација, обука, пракса и евентуално вработување на млади кадри.
 
Покрај штандовски претставувања на институциите има и програма на презентации на образовните програми на учесниците на саемот, а посебен акцент ќе биде ставен на стипендиите, односно можностите за стипендирање за студии надвор во регионот.