Милвоки поведе, Mемфис намали на 3:2
Шампионот Mилвоки вторпат му ја одзема предноста на домашниот паркет на Бостон, откако во петтиот меч како гостин триумфираше со 110:107. Водството од 14 поени во последниот период не им беше доволно на кошаркарите на селтикс, кои не ги искористија завршните два напада, во коишто Холидеј прво го блокираше, а потоа му одзема топка на Смарт.

Невообичаена ситуација во НБА плеј - офот, во сите конференциски полуфиналиња резултатот е 3:2.
Шампионот Mилвоки вторпат му ја одзема предноста на домашниот паркет на Бостон, откако во петтиот меч како гостин триумфираше со 110:107. Водството од 14 поени во последниот период не им беше доволно на кошаркарите на селтикс, кои не ги искористија завршните два напада, во коишто Холидеј прво го блокираше, а потоа му одзема топка на Смарт. На одличната дефанзива, Холидеј придодаде и 24 поени и по осум скокови и асистенции, додека најдобар со 40 коша и 11 освоени топки под обрачите, беше главниот кошаркар на бакс, Адетокумбо.
Мемфис, пак, намали против Голден Стејт откако беше убедлив со 134:95, иако играше без најдобриот копшаркар, Морент. Уште на полувреме, гризлис имаа позитива од 27 поени, на коишто ја надоврзаа извонредната трета четвртина, којашто ја добија со 42:17. Мемфис ги имаше тројата најефикасни на натпреварот, сите со по 21 поен, Бејн, Џексон и Џонс.
