Одбојка - ЕУРО 2022 (жени - до 19 год.)
Македонија Против Полска, Италија, Словенија, Грција
12.05.2022 20:14
Женската репрезентација до 19 години има нов селектор, Србинот Стефан Пауновиќ и по денешната ждрепка во Луксембург и противници на Европското првенство чијшто домаќин во август и септември ќе биде Македонија.

Супер период за македонската репрезентативна одбојка исполнет со квалитетни натпреварувања. Женската репрезентација до 19 години има нов селектор, Србинот Стефан Пауновиќ и по денешната ждрепка во Луксембург и противници на Европското првенство чијшто домаќин во август и септември ќе биде Македонија.
Нашите млади одбојкарки ќе играат во конкуренцијата А со Полска, Италија, Словенија, Грција и со најдобрата селекција од квалификациската група во којашто се Црна Гора, Франција, Финска и Австрија.
