Ракомет

29. Куп на Македонија

12.05.2022 20:22

Вардарци се во позиција петнаесети пат да бидат куп – победници, откако во последните седум финалиња загубија само еднаш, од Металург. Во петоќното полуфинале, Вардар ќе соочи со дебитантот на завршните турнири, Еурофарм Пелистер 2 од кого еднаш беше поразен сезонава во првенствената конкуренција.

Купот е натпреварување во коешто изненадувањата се случуваат, но сепак Вардар, па Еурофарм Пелистер се фаворитите за освојување на пехарот во 29-от завршен турнир што ќе се одржи во Кавадарци. И извлекувањато ги потврди прогнозите бидејќи црвено - црните  и битолчани можат да играат само во финалето.

Вардарци се во позиција петнаесети пат да бидат куп – победници, откако во последните седум финалиња загубија само еднаш, од Металург. Во петоќното полуфинале, Вардар ќе соочи со дебитантот на завршните турнири, Еурофарм Пелистер 2 од кого еднаш беше поразен сезонава во првенствената конкуренција.

Првата битолска екипа, пак, ќе се обиде по 17 години и двојната круна да го освои шестиот куп. Противник на Еурофарм Пелистер во полуфиналето, како и минатата година кога славеше убедливо, ќе му биде Бутел Скопје којшто третпат е во куп четворката.

В сабота, пак, во женските полуфиналиња ќе играат Куманово, којшто победуваше на последните две изданија, против четирикратниот куп - шампион Металург, како и Ѓорче Петров со пренесените 16 трофеи, против дебитантот Чаир.

Преносите од сите натпревари, вклучувајќи ги и финалињата в недела, од тридневната програма во салата Јасмин ќе бидат на МТВ 3.