Сцена

Андреа не влезе во финалето на Изборот за песна на Евровизија 2022

13.05.2022 08:14

Од 18-те земји што се претставија на втората полуфинална вечер во финалето продолжуваат Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија...

Македонската претставничка Андреа Коевска со песната „Circles“ не влезе во финалето на годинашниот Избор за песна на Евровизија.

Коевска настапи синоќа во второто полуфинале од изборот што се одржува во Торино. Од 18-те земји што се претставија на втората полуфинална вечер во финалето продолжуваат  Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија.

Од првото полуфинале што се одржа на 10-ти мај, во финалето влегоа Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Финалето на 66-то издание на Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи утре. Преносот на МРТ1 почнува од 21 часот.