Аргентина

Демонстрации во Буенос Аирес

13.05.2022 10:37

Илјадници жители на Аргентина излегоа на улиците на Буенос Аирес незадоволни од претседателот Алберто Фернандез. Демонстрантите маршираа низ улиците со транспаренти со кои го осудуваат ММФ и повикуваат на поголема социјална сигурност...

Илјадници жители на Аргентина излегоа на улиците на Буенос Аирес незадоволни од претседателот Алберто Фернандез. Демонстрантите маршираа низ улиците со транспаренти со кои го осудуваат ММФ и повикуваат на поголема социјална сигурност.

Бараат парите со кои се финансира надворешниот долг да се потрошат за најсиромашните во земјата. Јужноамериканската земја се бори со долгогодишна економска криза.

Инфлацијата во Аргентина е над 50%, а експертите предвидуваат дека ќе ја затвори годината со речиси 60 насто.