Северна Кореја
Ковид-19 се шири во Северна Кореја, пријавени 6 смртни случаи
13.05.2022 10:44
Според корејската централна новинска агенција, од Април, повеќе од 350.000 луѓе имале треска, а над 162.000 од нив се целосно излекувани...

Шест лица починаа, а околу 350 илјади се лекуваат од висока температура ширум Северна Кореја, објавија државните медиуми, еден ден откако го потврдија првиот случај на заразен со коронавирус.
Вирусот брзо се шири, пријавен е и еден позитивен на Омикрон варијанта. Според корејската централна новинска агенција, од Април, повеќе од 350.000 луѓе имале треска, а над 162.000 од нив се целосно излекувани.
Експертите долго време предупредуваат дека Северна Кореја ќе има потешкотии да се справи со големата епидемија поради слабата подготвеност на здравствениот систем.
