Македонија

Предлозите за избор на судии на дневен ред на Комисијата за избори и именувања

13.05.2022 12:04

По речиси една година откако Уставниот суд работи со намален број на судии поради испразнети места, денеска во Собранието почна седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на чиј дневен ред е утврдување предлог за избор на уставни судии...

По речиси една година откако Уставниот суд работи со намален број на судии поради испразнети места, денеска во Собранието почна седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на чиј дневен ред е утврдување предлог за избор на уставни судии.

Седницата беше закажана откако вчера пратеници ја известиле претседателката на Комисијата, Георгиевска, дека сакаат да достават предлог-имиња.Своите предлози тие ќе ги изнесат на самата седница.За претпладнево е закажана седница на ова собраниско тело на чиј дневен ред е утврдување на предлозите.

Уставниот суд во моментов, од предвидени девет има само пет судии.

Поради недостиг на двотретинско мнозинство во Уставниот суд, над 30 предмети чекаат наредна седница кога Уставниот суд ќе биде во полн состав.