Прилеп

Протест на пазарџиите поради дивите продавачи

13.05.2022 12:37

Продавачите во прилепскиот зелен пазар со протест и барање да се отстранат дивите продавачи на производи. Револтирани сè што не се решава овој долгогодишен проблем кој им ја преполовува заработувачката. На јавното претпријатие „Пазари“ му даваат рок од една недела за да се реши проблемот. Најавуваат и штрајк..

Итно да се реши дивата продажба на производи надвор од градскиот пазар, бараат 40-тина пазарџии, кои имаат договор и закуп на тезги на зелениот дел од прилепскиот градски пазар. Тие протестираа и неколку часа го затворија пазарот за продажба. Револтирани сè што проблемот се провлекува 10-тина години, а не се решава. Губат половина од заработувачката иако законски и хигиенски продаваат и од нив зависат 200 членови на семејствата.

Во близината на пазарот, земјоделци ги продаваат производите. Велат се регистрирани во Министерството за земјоделство и се со дозвола на Јавното претпријатие и плаќаат закупнина.

Директорот на прилепски „Пазари“ кусо ни изјави дека поднесол барање да се отстранат дивите продавачи. Пазарџиите по една недела се заканија со штрајк.

Елизабета Митреска