Македонија

Ле Дриан: Франција, во случај на договор, ќе организира меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија

13.05.2022 12:59

Францускиот министер на средбата со Османи ја потенцирал целосната поддршка за постигнување балансиран и взаемно прифатлив компромис меѓу Бугарија и Македонија...

По средбата на шефот на француската дипломатија Ле Дриан со неговиот колега Бујар Османи, од француското Министерство за надворешни работи и Европа велат дека „Франција е решена, во случај на договор меѓу Северна Македонија и Бугарија, да организира Меѓувладини конференции меѓу Европската Унија и Северна Македонија и Албанија.

Францускиот министер на средбата со Османи ја потенцирал целосната поддршка за постигнување балансиран и взаемно прифатлив компромис меѓу Бугарија и Македонија.