Македонија

Ковачевски воздржан од коментар за снимката на Џафери, опозицијата бара оставка

13.05.2022 13:54

Премиерот Ковачевски не сака да го коментира однесувањето на спикерот Џафери во Собранието. Ја видел снимката, но вели не се гледало кој со кого зборува. ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Џафери...

По жестоките реакции за однесувањето и речникот на спикерот Џафери кон вработените во собраниските служби, премиерот Димитар Ковачевски воздржан во коментарот. Бидејќи се слуша глас, а нема лик, не сака да зборува за викотниците и пцовките искажани од првиот парламентарец.

Талат Џафери без изјава за инцидентот, но за разлика од воздржаноста на премиерот, опозициската ВМРО-ДПМНЕ жестока во критиките. Бара оставка, како што велат заради примитивизмот на собранискиот претседател.

И додека опозицијата ја блокира работата во Собранието, премиерот Ковачевски вели дека простор за разговор за иднината на граѓаните и државата меѓу политичарите има, но таа пред сè треба да се одвива во Собранието, при тоа повторно одбивајќи да се сретне со Мицкоски и да разговара само за предвремени избори.

Миле Ристески