Џонсон отпушта една петтина од вработените во јавните институции
Петтина од вработените во јавните институции на Велика Британија ќе бидат отпуштени откако премиерот Борис Џонсон одлучи бројот на вработени да се врати на ниво од 2016 година. Министрите треба да на прават план со кој ќе се заштедат над 1 милијарда долари во буџетот.,,,

Петтина од вработените во јавните институции на Велика Британија ќе бидат отпуштени откако премиерот Борис Џонсон одлучи бројот на вработени да се врати на ниво од 2016 година.
Министрите треба да на прават план со кој ќе се заштедат над 1 милијарда долари во буџетот. Владата се обидува да ја ублажи кризата на трошоците за живот, но и да донесе закон за намалување на даноците.
Во државната служба во моментов има 475.000 вработени.
Намерите на премиерот да ја намали таа бројка се окарактеризирани како популизам и неодговорен обид за намалување на државниот апарат.
