Македонија- Бугарија

Заедничката комисија за историски и образовни прашања одржа средба во Софија, следната во септември

13.05.2022 17:49

Како што стои во соопштението, на средбата, во конструктивна атмосфера членовите на Комисијата водеа дискусија на која беа разменети неколку предлог идеи за препораки за учебниците од основното образование кои се однесуваат на средновековниот и раноосманлискиот период. На средбата беа усогласени и потпишани записници од претходните средби.

Вчера и денес во Софија се одржа 19-тата средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, информираат од МНР.

Како што стои во соопштението, на средбата, во конструктивна атмосфера членовите на Комисијата водеа дискусија на која беа разменети неколку предлог идеи за препораки за учебниците од основното образование кои се однесуваат на средновековниот и раноосманлискиот период. На средбата беа усогласени и потпишани записници од претходните средби.

Со заемен договор на двајцата копретседатели на Комисијата, договорено е наредната средба на Комисијата да се одржи во средината на септември 2022 година.