СОНК- МОН

Договор нема, но има напредок

13.05.2022 17:57

Нов обид за договор меѓу Министерството за образование и СОНК. Дел од ставовите усогласени. На почеткот на идната недела се очекува конечен договор...

По речиси два часа разговор, договор нема, но има напредок. Разговорите ќе продолжат во текот на следната недела и останува да се усогласат прашањата околу покачувањето на платата и колективните договори во основното и средно образование. 

Постигнато е усогласување за некои ставови, во прв ред околу колективните договори и нивната содржина, но не може уште сега да се тврди дека ќе се постигне договор, истакна претседателот на СОНК, Неделков, по средбата.

Ставовите се доближуваат и се гледаат сите можности за наоѓање на решение, став на ресорниот министер Шаќири. Тој очекува постигнување на конечен договор на почетокот на следната недела.

Шаќири изрази надеж дека ова ќе биде последен штрајк и прекин на наставата, ирелевантно на евентуалната потреба за други разговори во наредниот период.

 

Марија Котовска