Свет

Ердоган: Шведска и Финска се база на терористички групи

13.05.2022 18:06

Финскиот министер Пека Хависто повика на трпение откако Анкара не зазеде позитивен став кон членството на Финска и Шведска во НАТО...

Финскиот министер Пека Хависто повика на трпение откако Анкара не зазеде позитивен став кон членството на Финска и Шведска во НАТО. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека двете земји се претвориле во база на терористички групи.

„Работничката партија на Курдистан, Револуционерниот фронт за народно ослободување се вдомија во Шведска и Финска. Всушност, можам да кажам дека си најдоа место и во нивните парламенти. Во овој момент, невозможно е да го гледаме ова со позитивен став“, изјави турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

„Ние сме многу строги во однос на какви било акции на терористичките движења. Ние сме дел од коалицијата против ИД, учествуваме на коалицискиот состанок во Маракеш, и така натаму. Заедно ја водиме глобалната борба против тероризмот и знаеме дека тоа е важен принцип и за НАТО“, изјави Пека Хависто, министер за надворешни работи на Финска.

Шведска и Финска најавија промени во безбедонсната политика поради руско-украинскиот конфликт.