Зверев против Циципас во првото полуфинале во Рим
Зверев продолжи да ја гази црвеницата во Рим моќно и самоуверено, славејќи без загубен сет и на третиот натпревар. За еден час и 52 минути го надигра Чилеанецот Кристијан Гарин со 7-5, 6-2 и се пласира во полуфиналето на мастерсот кој го освои во 2017 година.. Противник таму ќе му биде Гркот Циципас, во реприза на полуфиналето од Мадрид, пред само една недела, кога Зверев славеше во три сета.

Позната е првата полуфинална двојка на тенискиот мастерс во Рим. Ќе вкрстат вториот и четвртиот носител, Александар Зверев и Стефанос Циципас.
Зверев продолжи да ја гази црвеницата во Рим моќно и самоуверено, славејќи без загубен сет и на третиот натпревар. За еден час и 52 минути го надигра Чилеанецот Кристијан Гарин со 7-5, 6-2 и се пласира во полуфиналето на мастерсот кој го освои во 2017 година.. Противник таму ќе му биде Гркот Циципас, во реприза на полуфиналето од Мадрид, пред само една недела, кога Зверев славеше во три сета.
Циципас имаше потешка задача денескса, бидејќи потроши, без малку, два и пол часа за да го совлада десеттиот носител, домашниот тенисер Јаник Синер со 7-6, 6-2. За второто полуфинале до крајот на денот ќе се борат Денис Шаповалов против Каспер Руд и Новак Ѓоковиќ со Феликс Оже-Алијасим..
И кај жените познато е едно полуфинале. Најдобрата на светот, Полјачката Ига Швјонтек ќе се пресмета со третиот рекет, Арина Сабаленка од Белорусија. Швјонтек во четвртфиналето ја совлада Бјанка Андреску од Романија со 7-6, 6-2, а Сабаленка имаше потешка задача против Аманда Анисимова од САД, па мораше да прави пресврт за да стигне до победата. Во преостанатите две четвртфиналиња играат Сакари и Жабер, Тајхман и Касаткина.
