Фудбал

Иван Тричковски во тимот на сезоната на Кипар

13.05.2022 21:21

Тричковски досега 97 пати ја затресе противничката мрежа настапувајќи на 167 средби за АЕЛ Ларнака.

Поранешниот македонскиот фудбалски репрезентативец, Иван Тричковски, доби уште една потврда за одличните игри во дресот на АЕК Ларнака, со тоа што беше избран во тимот на сезоната на Кипар.

Тој на 27 средби постигна 14 голови и се доближи до бројката од сто погодоци во дресот на кипарскиот тим за кој настапува од 2016 година. Тричковски досега 97 пати ја затресе противничката мрежа настапувајќи на 167 средби за АЕЛ Ларнака.

Тој се прости од репрезентативниот дрес по завршувањето на Европското првенство, одржано минатото лето.